Баку тврди дека Ерменија ја ракетира територијата на Азербејџан

Помошникот на претседателот на Азербејџан Хикмет Хаџиев ја обвини во неделата вечерта Ерменија дека врши ракетни стрелби во близина на главниот град Баку, чија цел се цивилна инфраструктура и цивилното население,

Ерменската страна ги отфрли наводите на Хаџиев дека бил ракетиран азербејџанскиот индустриски град Мингачевир.

Во објавата на Twitter, Хаџиев објави дека ерменската армија наводно го гаѓала грдот Гјанџа со четири ракети од типот „Смерч“ со касетна муниција, а станува збор за втор по големина град во областа. Регионите на Хизи и Апшерон биле гаѓани со два проектила со среден дострел од 300 километри. Помошникот на азербејџанскиот претседател во објавата предупредува дека со две ракети бил гаѓан и градот Мингачевир, во кој има резервоар за вода и клучна електрична централа и додаде дека „нападот е варварски израз на очај“.

Азербејџанското министерство ги потврди ракетирањата на градовите Мингачевир и Тертер и наведе дека во нападите има ранети.

Регионот Хизи е оддалечен од азербејџанската престолнина Баку малку над 100 километри, додека регионот Апшерон е на само пет до шест километри.

Ерменската страна овие наводи за ракетирања на градови во Азербејџан ги отфрли како лажни, и оти со нив само подготвува терен за нови провокации.

„Тое е само уште една азербејџанска дезинформација. Азербејџанската страна, без да презентира никакви докази, сега тврди дека ерменските вооружени сили ги гаѓале регионите на Хизи и Апшерон. Тоа е уште една лага, очигледно покажува дека Азербејџан подготвува терен за провокации“, објави на Facebook портпаролката на ерменското министерство за одбрна, Шишан Степанјан.

Претходно во посебна објава таа го коментираше тврдењето за гранатирање на Мингачевир, велејќи дека од територијата на Ерменија не бил отворен оган во правец на Азербејџан.