Балиќ ја повреди тетивата, следи крај на кариерата ?

Хрватскиот ракометар Ивано Балиќ, ја повреди тетивата на мускулот на десната нога, поради што од терените ќе отсуствува најмалку четири недели, а не е исклучена можноста да ја заврши и кариера.

Балиќ се повредил во финишот на првото полувреме од натпреварот помеѓу Вецлар и Минден, кој Вецлар го загубил со 23:26. Тренерот на Вецлар, Каи Вандшнајдер, потврдил дека оваа сезона за Балиќ е завршена.

Балиќ (34), кариерата ја започна во Сплит, а потоа во Метковиќ, Портланд Сан Антонио, Загреб и Атлетико Мадрид. За хрватската репрезентација со која има освоено злато на ОИ во Атина и на СП во Португалија има одиграно 108 натпревари.