Балканците се селат во Германија, а Германците во Швајцарија

94

Последниве неколку години голем број на Балканци заминуваат на работа во Германија. Повисоките плати се главна причина што се одлучуваат на таков чекор и покрај големите трошци за живот. Пресметките покажуваат дека и покрај се, им остануваат доволни пари за пристојна живеачка.

 

Но, се поголем дел на Германци се одлучуваат да ја напуштат родната земја. Околу 200.000 Германци за неколку години се преселиле во соседната Швајцарија. Најчесто станува збор за високо образовани луѓе кои таму земаат речиси двојно поголема плата. Најголем дел се доктори и ИТ експерти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.