Балканот и источната граница приоритети на новиот шеф на дипломатијата на ЕУ

Кандидатот за висок претставник за заедничка надворешна политика и безбедност на Европската унија, Шпанецот Жозеп Борел, изјави во понеделникот дека во текот на својот мандат има намера да им даде предноста на решавањето на проблемите на западен Балкан и на источната граница на ЕУ.

„Балканот и источната граница на Европа мора да бидат голем приорите на нашата надворешна политија, бидејќи нема да бидеме веродостојни како геополитички фактор доколку не сме способни да го решиме проблемот на нашето прво соседство. Доколку ми ја укажете довербата, прво ќе ја посетам Приштина“, рече Борел во текот на сослушувањето во Европскиот парламент.

Шпанија одбива да ја признае самопрогласената независност на Косово од Србија во 2008 година, а оваа политика Жозеп Борел ја брани од позиции на својата функција шеф на шпанската дипломатија. „Признавањето на една земја е национална надлежност на земјите членки“ на ЕУ, потсети.

Жозеп Борел се обврза да работи на постигнување договор меѓу Белград и Приштина, доколку биде потврден како висок претставник за надворешна политика и безбедност. „Треба да продолжат преговорите и Косово мора да се вклучи во вистински дијалог“, додаде.

Покрај тоа, Шпанецот се заложи за задржување на санкциите на ЕУ против Русија, коишто под притисок на САД пред пет години ги воведе Брисел, обвинувајќи ја Москва дека нелегално го анектирала црноморскиот полуостров Крим каде населението одржа, за разлика од Косово, референдум на кој со огромно мнозинство во март 2014 година си ја поврати автономијата укината од Украина во 1990-те и одлучи да се припои на Руската Федерација.

„Државите членки мора да останат обединети. Само еден глас против е доволен да се повлечат санкциите“, предупреди Борел алудирајќи дека во минатото неколку земји калкулираа со гласањето против продолжувањето на санкциите за Русија.

Борел, исто така, ги повика земјите членки да обезбедат заедничко финансирање за европските тактички трупи, единствените сили кои ЕУ може брзо да ги мобилизира. „Кога требаше да се мобилизираат овие тактички групи и да бидат испратени во Централноафриканската Република и во Мали, тоа не беше возможно“, потсети.

Шпанскиот министер за надворешни работи треба да ја преземе функцијата на 1-ви ноември, доколку Европскиот парламент го потврди и го предлижи за новата Европска комисија во текот на гласањето на 24-ти октомври.