Балканот се вооружува: Турција по САД со најмногу тенкови во НАТО, а Грција и Србија по тенк на жител веднаш зад Русија

Во последните две-три години балканските земји како да се во трка кој повеќе ќе купи оружје. Борбени авиони и хеликоптери купуваат Србија и Хрватска, Бугарија, исто така, купува авиони, па, покрај другото, со другиот ни’ наш добронамерен сосед, Грција, ќе се натпреваруваат кој подобро да го чува македонското небо. Неодамна излезе информација дека, по САД, Турција е втората земја во НАТО според бројот на тенкови…

Белградски „Блиц“, пак, пишува дека на Твитер осамнала карта на која се прикажува колку тенкови имаат државите на 100.000 жители. Според таа мапа, на прво место е Русија со 14,1 тенк на сто илајди жители, втора е Грција со 12,3, а трета Србија со 9,17.

 

 

Во Минисерство за одбрана демантирале дека Србија има 9,17 тенкови на 100.000 жители.

„Тоа не е точен податок, но не можеме да ви кажеме колку точно тенкови имаме“, порачале од Министерството.

Воениот аналитичар Александар Радиќ истакнува дека е вистина оти Србија има најмногу тенкови во регионот, но вели дека Србија вкупно има „само“ 251 тенк.

„Треба да се направи разлика помеѓу тенкови што се наоѓаат во магацини, потоа во единици и на тенкови што најмногу се активни на обуки. Ние имаме четири баталјони со по 53 тенка – во Сремска Митровица, Краљево, Ниш и во Врање. Покрај тоа, имаме тенкови и во Пасуљански Ливади и во Центарот за обука во Пожаревац. Кога се’ ќе се собере – 251 тенк, што е импресивен број во однос на други земји. Унгарија, Македонија, Бугарија, БиХ, па дури и Франција, имаат само по еден баталјон со тенкови“, истакнува Радиќ.

„Блиц“ додава дека Србија наскоро треба да добие уште 30 тенкови Т-72 од Русија што ќе стигнат како дел од донација која се состои и од шест борбени авиони „миг-29“ и „миг-30“, како и од оклопни возила БРДМ-2.