Балкански турски форум за запознавање со образовните и културните проблеми на турската заедница

Во организација на Партијата за движење на Турците (ПДТ) денеска во Скопје се одржува Балкански турски форум, на кој учествуваат повеќе еминентни политичари, академици, научници и преставници на невладиниот сектор од балканската географија и Турција.

Главните цели на настанот, посветен низ целиот Балкан,на образованието и културата на турски јазик на Балканскиот Полуостров, се запознавање со образовните и културните проблеми на турската заедница  но исто така и зголемување на соработката на балканските земји во сите сфери.

На отворањето на Балканскиот Турски Форум покрај претседателот на Партијата за движење на Турците Енес Ибрахим, се обрати и потпретседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски.