Спорт

Балотели ја напушта Ница

Балотели ја напушта Ница

Напаѓачот Марио Балотели ќе ја напушти Ница на крајот од сезонава. Ова го соопшти претседателот на францускиот клуб Жан Пјер Ривера. Тој рече дека сегашниот договор, кој истекува летото 2019, нема да се обновува.

Италијанецот со потешкотии ја започна сезоната во Франција, откако пропушти голем дел од подготовките на неговиот тим, поради очекуваниот трансфер во Олимпик Марсеј, кој пак пропадна.

Колку што знаевме, Марио требаше да си замине, па пропушти дел од предсезонските тренинзи. Мислам дека секој играч кој нема да направи добра подготовка ќе има потешкотии на почетокот на сезоната. Тој во моментов е во оптимална физичка состојба, но нема погодоци, што е тешко за него, рече претседателот на Ница.

„Во секој случај, Марио не го загуби својот талент. Кога ќе се врати на своето препознатливо ниво, сите ќе застанат зад него. Продолжување на договорот? Не, мислам дека сè ќе заврши кога неговиот договор ќе истече во текот на летото”, рече тој.