Балотели неизвесен за дуелот против Англија

Енрико Кастелачи, репрезентативниот доктор на Италија, откри дека контроверзниот напаЃач, Марио Балотели има мали здравствени проблеми и можно е поради истите да го пропушти премиерниот натпревар од групната фаза на престојниот Мундијал во Бразил, дуелот против селекцијата на Англија.

“Можам да потврдам дека Марио има проблем со мускулите. Со тој проблем ги започна и подготовките за престојниот Мундијал во Бразил. Не дојде во совршена здравствена состојба. Работеше повеќе од потребното во изминатите неколку недели и затоа има проблем со мускулите. Сега е во трка со времето. Во овој момент, Марио е под знак прашалник за дуелот против репрезентацијата на Англија”, изјави Кастелачи.