Балотели повторно се вмеша во скандал

Марио Балотели се вмеша во нов скандал. Напаѓачот на Бреша беше забележан како ја напушта последната тренинг сесија предвреме во четвртокот и, според „Газета Дело Спорт“, ова се случило по судир со тренерот Фабио Гросо.

„Марио оди си“, биле зборовите на Гросо до напаѓачот, по што Балотели ја напуштил сесијата.

Клубот негираше какви било тензии меѓу Балотели и Гросо, но очевидци велат дека 28-годишниот Марио бил доста лут кога го напуштил клубот.

Гросо го замени Балотели на полувремето на дуелот со Торино (0:4), што веројатно довело до затегнати односи меѓу двајцата.

Сега ќе биде интересно да се види дали Марио ќе биде во почетните единаесет за судирот со Рома во недела и дали тој дури ќе биде во групата за гостувањето на „Олимпико“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.