Бан бара преговори во Украина

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун, упатил апел до украинскиот претседател Виктор Јанукович да започне „конструктивен дијалог“ со опозицијата.

Според зборовите на портпаролот на ОН, Мартин Несирки, Бан во телефонски разговор со Јанукович изразил „сериозна загриженост“ во врска со кризата во Украина.

Бан, кој моментално се наоѓа на самит на Латинска Америка во Хавана, во телефонскиот разговор со Јануковиќ побарал „спротиставените страни да започнат смислен, оддржлив и инклузивен дијалог, за да се пронајде решение за кризата и да се спречи понатамошното крвопролевање“.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.