Бан Ки Мун го испраќа својот заменик во Украина

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун го испраќа во Украина својот заменик, Јан Елиасон, за да се запознае со политичката ситуација во земјата, пренесе „УНИАН“.

За време на престојот во Украина првиот заменик секретар на ОН, лично ќе направи проценка на ситуацијата и ќе го информира генералниот секретар за понатамошните мерки што може да ги преземат ОН за помош на деескалирането на ситуацијата во регионот, се вели во соопштението поставено на сајтот на организацијата.