Бан Ки Мун: Половина од населението на Сирија има потреба од итна помош

Речиси половина од населението на Сирија има потреба од итна хуманитарна помош по влошувањето на ситуацијата поради вооружениот конфликт, изјави генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун за време на донаторската конференција во Кувајт, пренесе „АФП“.

„Половина од вкупното население на Сирија или приближно 9,3 милиони лица имаат итна потреба од хуманитарна помош“, истакнал Бан, посочувајќи дека уште над три милиони лица ја напуштиле земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.