Бананите ја заменуваат декстрозата

61

Декстрозата им дава брзо задоволство на луѓето коишто чувствуваат попладневен замор, и моментално им обезбедува шеќер кој го зголемува количеството енергија и ја помага концентрацијата, меѓутоа, експертите предупредуваат дека тој ефект е привиден и како замена ја препорачуваат бананата.

Експертите предупредуваат дека ефектите од декстрозата се само моментални и дека таа е всушност нездрава. Секое количество вишок шеќер ќе се претвори во маст, исто како и шеќерите коишто се содржат во пекарските производи или колачите.

Даниела Кехл од германското здружение на потрошувачи Verbraucherzentrale Bayern затоа советува алтернатива, односно поздрав начин за еднаква енергетска „помош“, а вели дека тоа се бананите.

„Бананите се полни со овошни шеќери кои брзо даваат енергија. Тие содржат и покомплексни јагленохидрати кои подолго снабдуваат со енергија“, истакнува за агенцијата DPA споменатата германска експертка и додава дека бананите се богати и со витамини и со минерали.

Нападите од замор најдобро е да се избегнуваат со здрав појадок, а добра варијанта за тоа се разните видови леб од цело зрно, како и кашата од овес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.