Шеснаесет луѓе, вклучително и директор на мислиманско училиште, се осудени на смртна казна поради убиство на тинејџерка која била запалена пред шест месеци, бидејќи го обвинила директорот за сексуално злоставување, објавија властите во четвртокот.
Обвинителот Хафез Ахмад објави дека специјалниот суд кој е задолжен за злосторства поврзан со насилството над жените и децата го казнил Сираџ Уд Давал, директорот на верското училиште, и неговите помошници, за убиство на 19-годишната Нисрат Џахан во источниот град Фени, на југоистокот на Бангладеш.
Џахан почина на 10-ти април во болница во престолнината Дака, пет дена откако била нападната во медреста Сонагази Исламија, што предивика жестоки реакции во земјата.
Двајца училишни колеги ја одвеле на покривот на училиштето, каде што од неа било барано да го повлече случајот против директорот, отрки иследникот Банџ Кумар Маџумдер. Кога одбила, група од пет луѓе ја полеале со керозин и ја запалите, додал.
Истрагата заклучила дека во убиството учествувале 16 луѓе и побарана е смртна казна за сите. BBC пишува дека ова бил еден од побрзо довршените процеси, бидејќи таквите случаи траат и по неколку години.
Обвинителот Хафез Ахмед за новинарите изјавил дека ова докажува „дека никој во Бангладеш нема да извлече со убисво“. Давла го испланирал убиството од затвор, откако во март бил уапсен поради обвинувањата за сексаулно злоставување.
Истрагата за смртта на тинејџерката открила и заговор да се замолчи, во што учествувале нејзини колеги од училиштетот и моќни мажи во заедницата, пренесува BBC, додавајќи дека во тоа учествувала и полицијата која ширела лажни информации дека станувало збор во самоубиство.