Бангладеш: Уапсени сопствениците на фабриката во која лани поради пожар загинаа 111 лица

Судот во Бангладеш нареди да бидат уапсени сопствениците на фабриката, во која во 2012 година избувна еден од најсмртоносните пожари во историјата на земјата, пренесе „АФП“.

Заедно со Делуар Хосеин и неговата сопруга Махмуд Актер, беа приведени уште четири лица.

При пожарот во фабриката, во која работници шиеја облека за западни брендови, загинаа 111 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.