Банка по грешка префрлила 6 милијарди долари на клиент

Најголемата германска банка, „ Дојче банк “, по грешка на сметката на еден од своите клиенти му префрлила шест милијарди долари.

До грешката дошло кога еден од нововработените во банката по грешка притиснал погрешни броеви, па неверојатните шест милијарди долари ги префрлил на сметка на анонимниот американски клиент.

Како што пренесува британски „Гардијан“, неправилноста е исправена за само еден ден.

Дојче банк “ од Франкфурт во последно време се одликува со низа скандали поради кои извршниот директор поднесе оставка.

Исто така, банката моментално се соочува со шест илјади судски спорови, а во мај оваа година морала да лати казна од 2,5 милијарди долари поради местење на каматни стапки.