Банките стабилни, кредитирањето ќе расте

Домашните банки очекуваат зголемување на понудата и побарувачката на кредити. Нивната ликвидност во третото тримесечје се зголемува, а Централната банка интервенира на девизниот пазар откупувајќи го сезонскиот вишок девизи, пишува Лидер.

„Во вториот квартал од годинава според Народната банка на Република Македонија продолжија поволните трендови во економијата. Кредитите бележат раст особено на приватниот сектор, а ликвидноста на банките во јули е зголемена под влијание на автономните фактори и намалениот интерес на банките за краткорочните депозити кај Народната банка. За третиот квартал банките имаат поволни очекувања, со оценка за зголемување и на понудата и на побарувачката на кредити“, констатираше Комитетот за оперативна монетарна политика на народната банка на последната редовна седница.

Народна банка оценува дека досегашната поддршка на домашната економија преку преземените мерки на монетарната политика е доволна, а закрепнувањето е со солидно темпо.