Кремљ во четвртокот рече дека водството на Украина е очигледно нервозно поради рускoто големо напредување на фронтот, кога побара од САД ракети со долг дострел „Tomahawk“.
Претхоно весникот The New York Times објави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал од САД ракети „Tomahawk“, кои имаат дострел од 2.500 километри, што е многу повеќе од сите проектили што ги поседува Украина во моментов.
Во видео обраќањето во средата, Зеленски силно сугерираше дека Киев го побарал тоа.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите на редовниот дневен брифинг дека трендот на линијата на фронтот, каде Русија во последните три месеца постигна најбрз напредок во последните две години, е јасен.
„Во контекстот на оваа динамика, режимот во Киев почнува да покажува значителна нервоза“, рече Песков.
Американскиот весник објави дека Зеленски побарал од САД да му дадат ракети „Tomahawk“ како дел од „планот за победа“ што тој го претстави претходно овој месец, чии некои делови се доверливи не дојдоа до јавноста.
Песков рече дека плановите на Украина, без разлика дали се тајни или не, „ќе се сведат на фактот дека Киев целосно ќе ги вовлече западните земји во војна што е можно побрзо и ќе ја легитимира“. „Сите три трикови ја имаат таа крајна цел. Така гледаме на тоа“, додаде.