Барањето на крајната десница за министерството за одбрана го кочи формирањето на израелската влада

Напорите на мандатарот за формирање на новата израелска влада Бенјамин Нетанјаху брзо да ја состави владата пропаднаа во неделата, бидејќи потенцијалниот коалициски партнер од крајната десница го бара местото во министерството за одбрана.

Јасната победа на десницата на изборите на 1-ви ноември, со што заврши речиси четиригодишниот период на нестабилни влади и пет предвремени избори, се зголемија очекувањата во рамките на конзервативната победничка партија Ликуд на Нетанјаху и партијата Религиозен ционизам чии тврдокорни челниците на доселениците се против палестинската државност и сакаат конечна и целосна анексија на Западниот брег (на реката Јордан), кој меѓународната заедница го смета за палестинска територија окупирана од Израел во ткн Шестгодишната војна од 1967 година. На таквите израелски напори се противат, инаку САД, најголемиот сојузник на Државата Израел.

Повеќе од половината од територијата на Западниот брег е под целосна израелската воена контрола, а Палестинците оваа енклава, заедно со источен Ерусалим, сакаат да биде нивната идна држава.

Пратениците во Кнесетот (парламентот) на Религиозниот ционизам бараат шефот на партијата Безалеле Смотрич да биде министер за одбрана, за да влијае врз политиките кон Западниот брег. Ликуд, пак, зака за себе да го задржи клучното министерство за одбрана.

„Сѐ уште нема договор и има несогласувања по прашањето за Смотрич. Се надевам дека тоа наскоро ќе биде решено“, изјави за радиото Kan, Мики Зохар, пратеник на Ликуд и додаде дека одбраната е „најважниот ресор“ за Ликуд.

Пратеничката од Религиската ционистичка партија, Орит Штрук, изјави дека нејзината партија, исто така, прифатила да ѝ припадне министерството за финансии, но не и ситуацијата во којашто би ѝ било оневозможено „вистинско влијание“ на развојот на доселеничките населби на Западниот брег.

„Тој (Нетанјаху) не нѐ третира како партнери, туку како вишок од багажот“, реле Штрук за радиото Kan.

Дури и министерството за финансии претставува проблем за Нетанјаху, кој пред изборите изјави дека Ликуд ќе ги задржи трите главни министерства: одбрана, финансии и надворешни работи.

Повеќето земји во светот ги сметаат доселеничките израелски населби на Западниот брег, Израел тоа го оспорува а Палестинците велат дека нивното ширење ја скратува можноста за формирање одржлива држава.

Кое министерство и да му припадне на Религиозниот ционизам, идната израелска влада ќе биде веројатно најдесната во израелската историја, па Нетанјаху ќе биде принуден дипломатски да балансира меѓу својата коалиција и западните сојузници.