21.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Барањето за импичмент на Трамп не е на дневен ред на Конгресот

Барањата на демократите за импичмент на претседателот Доналд Трамп наидоа на цврста блокада од страна на нивните политички ривали.

-Републиканците ја одбија резолуцијата за заштита на Америка, со што овозможија нестабилните и луди бунтовни акти на претседателот да продолжат. Нивното соучество ја загрозува Америка и нашата демократија и истото мора да биде спречено.- истакнала Ненси Пелоси.

Денес истече рокот од 24 часа кој му беше даден на потпретседателот Мајк Пенс со кој се бараше да се активира 25тиот амандман. Иако не се одважи јавно, неофицијално тој силно се спротиставил на таков потег. Пенс воедно оствари средба со претседателот Доналд Трамп во Белата куќа за прв пат по настаните во Капитол а извори од Белата Куќа велат дека средбата поминала во пријателска и добра атмосфера. По долгиот молк со осуда за настанот се огласи и Првата дама Меланија Трамп која го осуди насилството и изрази сочувство до семејствата на загинатите.

-Разочарана сум и обесхрабрена од она што се случи минатата недела. Апсолутно го осудувам насилството што се случи во Капитол.Насилството никогаш не е прифатливо. Моето срце е со починатите, се молам за мир и сила на нивните семејства во овие тешки времиња, изјавила првата дама на САД Меланија Трамп.

Од ФБИ предупредуваат дека до нив пристигнале дојави за можни вооружени протести во сите сојузни држави доколку Трамп е сменет пред инаугурацијата на новиот претседател која е закажана за 20ти јануари. По овие закани, Трамп одобри прогласување на вонредна состојба во Вашингтон која првично ќе трае до 24ти јануари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.