Барањето за изземање на Рускоска го одложи „Рекет 2“

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ се одложува за 21 јули 2020 година, поради барањето на поранешната потпретседателка на Собранието и пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски за изземање на обвинителката Вилма Русковска за понатамошно постапување во овој случај.

Ременски, преку нејзиниот адвокат Владимир Донески, во барањето доставено до Јавното обвинителство на РСМ образложува дека има сомневање во пристрасноста на постапувањето на обвинителката Вилма Русковска.

Кон барањето за иземање на обвинителката Русковска, се приклучи и обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13.