Барал да си го наплати долгот, па пукал во влез на зграда

Гостиварчанецот М.А.(55),  вчера  во 19.40 часот отишол пред станот на В.М.(51), барајќи му пари поради наводен долг, а откако В.М. одбил се случила расправија . При тоа  М.А. извадил пиштол и испукал два куршуми во влезот од зградата, но нема повредени лица.

Извршен е увид на местото на настанот, при што се пронајдени и подигнати две чаури и два проектила за вештачење, а со потврда за одземени предмети од М.А. е одземен пиштол „црвена застава“ кал. 7,65 мм, што го поседувал без дозвола.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.