Поднесени уште шест барања за признавање право на азил

Од почетокот на годината издадени се 85.846 потврди за барање азил
Од почетокот на годината издадени се 85.846 потврди за барање азил

Во текот на изминатиот викенд  до Одделението  за азил поднесени се шест барања  за признавање на право на азил.

Како што информираат од МВР, барањата за признавање на право на азил се поднесуваат врз основа на претходно издадена потврда. Од нив три барања се од државјани на Сирија  и три барања од државјани на  Авганистан и четири  деца кои го придружуваат родителот.

Во периодот од 08,00 часот на 14.08.2015 до 17.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 3.694 странски државјани, од кои, 2.235  се од машки пол, 666 се од женски, 698 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 95 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-3.529, Ирак – 70, Палестина – 41, додека другите се во помал број, информираат од МВР.

За два месеци речиси 37. 500 мигранти добиле потврди за азил

Во периодот од речиси два месеци, односно од 19.06.2015 до 17.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 37.461 странски државјани, од кои, 25.784 се од машки пол, 5.227 се од женски, 5.949 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 501 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Како што информираат од МВР, според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-30.090, потоа Авганистан-2.003, Ирак-1.815, Пакистан-1080, Сомалија-548, Палестина-548, Конго-299, Камерун-140, Еритреја-138, Нигерија-128, Етиопија-108, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 17.08.2015 година до Одделението за азил се поднесени 47 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 34 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет. Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 16.08.2015 година се евидентирани вкупно 15 баратели на азил, од кои 11 баратели на азил се мажи (  1 барател е со повреда), 1 барател на азил е жена,  3 баратели на азил се малолетни лица, соопштуваат од МВР.

Железничка незгода и инциденти на ГП Богородица

Железничка незгода и инциденти на ГП Богородица
Железничка незгода и инциденти на ГП Богородица

Инаку, на вчера околу 17,30 часот  во полициската станица за железничкиот граничниот премин „Богородица“ бил регистриран инцидент.  Од страна на поголема толпа мигранти бил нарушен јавниот ред и мир. Поголема група мигранти фрлале разни предмети (камења, шишиња, чевли) кон полициските службеници.

Од страна на униформираните полициски службеници при воспоставување на јавниот ред и мир  приведени се лицата-мигранти M.Б.(1976), M.M.(1976) и M.A.(1971), сите од Сирија,  кои се издвоиле како предизвикувачи.

Во текот на денешниов ден пријавена е и една железничка незгода. Имено околу 10.30 часот во населба Карпош – Куманово, товарен воз кој сообраќал на релација Табановце-Куманово удрил во лице, најверојатно илегален мигрант.

Истиот во критична состојба е префрлен во медицинскиот центар во Куманово. Ќе се врши увид на местото на несреќата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.