Бараше војската да го уапси Ципрас, го избркаа од партијата

Со одлука на лидерот на „Златна Зора“, Никос Михалољакос и со согласност од пратеничката група, пратеникот Константинос Барбарусис е избришан од партијата поради неговиот став изнесен од собраниската говорница кога ја повика војската да ги уапси Ципрас, Каменос и Павлопулос.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, претседателот на партијата коментира дека изјавата на Барбарусис не е во согласност со ставовите на „Златна зора“.

Паралелно, според информациите на грчката новинска агенција АНА-МПА, министерот за одбрана, Панос Каменос и неговиот заменик Фотис Кувелис, ќе достават усна тужба до Врховниот суд на Грција за пратеникот и ќе побараат од обвинителот, Барбарусис да се гони согласно со кривичниот законик.