Баражот за ЕП 2021 Мекедонија – Косово одложен за септември

16

На денешната видео конференција меѓу претставниците на УЕФА и генералните секретари на националните фудбалски асоцијации донесена е одлука за поместување на бараж натпреварите за пласман на Евро 2021.

Полуфиналните натпревари меѓу кои е и соочувањето Македонија – Косово ќе се играат на трети септември, а финалето кое воедно е и директен дуел за настап на континенталниот шампионат е закажано за осми септември. Претходно овие натпревари веќе беа на два пати откажани. Првиот термин беше на 26 март, а поради пандемијата тие беа презакажани за 4 јуни, но со оглед на фактот дека ситуацијата се уште не е под контрола УЕФА во договор со националните асоцијации го договори новиот датум.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.