Хитови на кино-благајните филмовите „Barbie“ и „Oppenheimer“, освоија во средата по четири номинации за наградите на Здружението на филмските и телевизиските актери (SAG Awards), во новата нивна борба пред доделувањето на Оскарите.
Филмовите кои минатото лето се натпреваруваа според добивките во дуелот кој медиумите го нарекоа „Barbenheimer“ ќе конкурираат за главната награда на SAG за најдобрата актерска постава покрај филмовите „The Color Purple“, „Killers of the Flower Moon“ и „American Fiction“.
Доделувањето на наградите на SAG се следи со големо внимание, бидејќи актерите ја сочинуваат најголемата група гласачи за Оскарите, главните награди во филмската индустрија за чиешто доделување церемонијата ќе се одржи во март.
Филмот „Оppenheimer” во режија на Кристофер Нолан, за создавањето на првата атомска бомба на светот, освои пет Златни глобуса, вклучително и за најдобра филмска драма.
Филмот „Poor Things“ (Клетници или Кутрите суштества), изненадувачкиот добитник на Златниот глобус за најдобар филмски мјузикл или комедија, не е меѓу номинираните за наградата SAG, иако ѕвездата на овој филм Ема Стоун е номинирана за најдобра актерка, а Вилием Дефо за најдобар спореден актер.
Стоун ќе конкурира со ѕвездата од филмот „Barbie“ Марго Робин, добитничката на Златниот глобус, Лили Гледстоун од „Killers of the Flower Moon“, Анет Бенинг во „Nyad“ и Кери Малиган во „Maestro“.
Килиан Марфи, кој го толкуваше научникот Џеј Роберт Опенхајмер, е номиниран за најдобар актер. Конкуренција му се Бредли Купер во „Maestro“, Пол Џијамати во „The Holdovers“, Џефри Рајт во „American Fiction“ и Колмен Доминго во „Rustin“.
Изненадувачки, но гласачите во SAG ја прескокнаа ѕвездата на филмот „Killers of the Flower Moon“, Леонардо Ди Каприо.
Роберт Дауни Џуниор и Емили Блант се номинирани за најдобри споредни улоги во филмот „Oppenheimer“. Номинацијата за „Barbie“ доби за споредна улога Рајан Гослинг, кој го толкуваше Кен.
„Succession“, сторија за свирепиот медиуски могул и неговото семејство, ги предводи телевизиските категории со пет номинации, вклучително и за најдобра актерска екипа во драмска серија. „Ted Lasso“, „The Bear“ и „The Last of Us“ освоија по четири номинации.
Серијата „Succession“, освои за својата последна сезона Златен глобус за најдобра телевизиска драма, додека втората сезона од серијата „The Bear“ победи во катергоријата хумористични телевизиски серии.
Добитниците на наградите SAG ќе бидат објавени на свечноста во Лос Анџелес на 24-ти февруари, а церемонијата од црвениот тепих ќе биде пренесувана во живо на Netflix.
На настанот SAG ќе го додели признанието за животно дело на пејачката, актерка и режисерка Барбара Џоан „Барбра“ Стрејсенд, ѕвездата од филмовите како „Смешна девојка“ од 1968-ма, „Ѕвездата е родена“ од 1976-та и други класици.