Барди е осомничен дека возел со фалсификувана возачка, тој тврди дека е уредно издадена во Македонија

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди кој игра за Леванте, има непријатен момент во Валенсија, осомничен е дека возел со фалсификат возачка.

Локалниот весник „Лас Провинсианс“ повикувајќи се на полициски извори објави дека Барди бил сопрен при рутинска контрола на 5. април. Откако полицаецот извршил проверка на возачката со ув ламба, му рекол на Барди дека таа е фалсификат.

Возачата му е одземена, а неговото возило го одвезол пријател, а Барди соработувал со полицијата.

Барди се огласи на социјалните мрежи и напиша дека возачката дозвола која ја покажал на полицијата е валидна и е издадена во Македонија.

Тој целата документација ја проследил до локалната полиција сакајќи да ја разјасни целата ситуацја.

Случајот го презема судот во Валенсија, а истрагата треба да утврди дали возачката е фалсификувана или не.