Барди има фантастична статистика во Ла Лига, само Меси е подобар од него

Фудбалерот на Леванте Енис Барди ја залечи повредата и по подолго време се врати на фудбалските терени. Тој синоќа реализираше гол од слободен удар против Ваљекано, а неговиот тим го доби дуелот со 4:2.

Според „Опта“ која се занимава со статистички податоци на фудбалерите во најсилните лиги забележува дека од сезоната 2017/18 па до сега Барди реализирал седум голови од слободен удар. Во тој период само Лионел Меси е подобар во оваа категорија и тоа со 21 гол од слободен удар.

Да кажеме дека го нема Кристијано Роналдо кој знаеше да ги тресе мрежите од слободен удар, но не е на списокот затоа што не игра повеќе во најсилната шпанска лига.

Да кажеме дека претходно Барди урна клупски рекорд, тој е најефикасниот странски фудбалер во клубот од Валенсија.