Барди ја турна Жирона пред испаѓање, Валенсија го стаса Хетафе

По одиграните натпревари од претпоследното 37-мо коло на шпанското фудбалско првенство, практично е решено дека на Хуеска и Рајо Ваљекано . кои испаднаа пред една седмица, следната сезона во втората лига ќе им се придружи Жирона, додека Валенсија го достигна Хетафе на четвртата позиција последната која води во Лигата на шампионите.

Во решавачкиот натпревар во борбата за опастанок Жирона загуби на свој терен од директниот конкурент Леванте со 1:2, за што е заслужен македонскиот репрезентативец Енис Барди кој го постигна победничкиот гол во 86 минута. Домашните поведоа со голот на Кристијан Стуани во 60 минута, но веќе по две минути израмни Хозе Луис Моралес Ногалес, а Леванте од опасната зона на испаѓање го спаси Барди четири минути пред крајот на мечот откако во голем манир на стрелец ја протна топката низ нозете на домашниот голман.

Леванте со оваа победа дојде до 43 бодови и е на 15-то место, додека Жирона е 18-та со 37 бодови и од оваа позиција следната сезона ќе се врати во Сегунда. Жирона во последното коло му гостива на 11-от Алавес, а Селта Виго која е во предност со три бода и ѝ е најблиска на табелата го пречекува веќе испаднатиот Рајо Ваљекано.

За речиси безизлезната ситуација на Жирона придонесе и гостинската победа на Вајадолид кај Рајо Ваљекано со 2:1, со што стаса до 41 бод, четири повеќе од позицијата која води во втората лига. Вајадолид поведе во 6 минута од пенал преку Унал, израмни Медран во 73 а победата на гостите им ја обезбеди Гвардиола во 80 минута.

Селта, пак загуби со 1:3 (0:3) на гостувањето кај Атлетик Билбао. Стрелци за домашните беа Раул Гарсија во 16 од пенал и во 17 минута и Вилијамс во 40 минута, а поразот на гостите го ублажи Аспас во 89 минута од пенал. Селта остана со 40 бодови, три повеќе од Жирона, но бидејќи во последното коло е домаќин на Рајо, навјеројатно нема да ја испушти шанската да остане во Примера.

Во борбата за четвертата позиција на табелата Валенсија со 3:1 (2:1) на свој терен го победи Алавес и го искористи поразот од 0:2 (0:1) на Хетафе кај шампионот Барселона. Алавес поведе со голот на Чим Наваро во 12,л но солер во 29, Санти Мина во 34 и Гамеиро во 68 минута ја донесоа победата на Валенсија.

Валенсија сега има 58 бодови и е четврта, а ист број бодови имаа и петтиот Хетафе. Валенсија во последното коло му гостува на Вајадолид кој веќе го има обезбедено опстанокот, а Хетафе го пречекува Виљареал кому, исто така, не му се потребни бодовите.

Во Барселона головите за домашните ги постигнаа Артуро Видал во 39 а Дјене во 89 минута постигна автогол. Барселона има 86 бодови, 11 повеќе од второпласираниот Атлетико Мадирд кој на свој терен одигра 1:1 (1:0) со Севилја. Домашните поведоа преку Коке во 30 минита, а израмни Сарабија во 70 минута. Селта во пресрет на последното коло е на шестата позиција со 56 бодови од која ќе игра квалификации за Лига Европа, два помалку од Валенсија и Хетафе и нивните киксеви, доколку победи против Рајо Ваљекано дома може да ја одведат и во Лигата на шампионите.

Реал Мадрид забележа уште еден лош разултат. На гостувњето во Сан Себастијан кај Реал Сосиедад загуби со 1:3 (1:1). Мадридистите први поведоа во 6 минута преку Дијаз, но Мерино во 26, Залдуа во 57 и Беранетче во 67 минута го направија пресвртот. Реал Мадрид е трет со 68 бодови, а Реал Сосиедад е осми со 50 бодови.