Барди потпиша нов договор со Леванте

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го продолжи договорот со шпанскиот клуб Леванте.

Договорот на напаѓачот со тимот од Валенсија е до 2022 година со опција  да може да биде продолжен за уште две сезони.

Многу сум среќен, овде се чувствувам одлично, се чувствувам како да сум дома, рече Барди по потпишувањето.

Македонскиот репрезентативец има одиграно за шпанскиот состав  вкупно 38 мечеви и постигнато 10 голови