Барди: Заслужена победа со поконкретна игра во вториот дел

По натпреварот и победата над Малта од 2:1 на почетокот од квалификациите за ЕУРО 2024 во Германија, Енис Барди истакна дека со поконкрениот приод во вториот дел Македонија остварика заслужена победа.

Во самиот финиш од регуларните 90 минут, Барди прекрасно изведе слобдоен удар но пречката од голот на Малта спречи да биде крунисана победата на македонската селекција.

„Мислам дека ова е заслужена победа. Секој противник сака против нас кога играме дома да ни застане на патот кон трите бода. Во второто полувреме бевме поконкретни, имавме подобра завршница, за разлика од првиот дел кога го немавме тоа.На крајот многу сум среќен затоа што освоивме три бода кои ни се важни и што го стартувавме циклусот со победа. Ќе одиме чекор по чекор во квалификациите, а првиот чекор го направивме. Овој циклус е новост за сите нас и секој од нас доаѓа тука со друг менталитет. Ќе дадеме сè од себе на секој натпревар. Имаме силна група и ќе видиме што ќе биде во иднина“, изјави Барди.