Барние: Ако го одложиме брегзитот мора да се осигури повторно да не се најдеме во денешната ситуација

Подолгото одложување на излегувањето на Велика Британија од Европската унија мора да биде поврзано со нешто ново и мора да се осигури дека на крајот од можното одложување повторно да не се доведеме во сегашната ситуација, изјави во вторникот главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние.

„Подолгото одложување треба да биде поврзано со нешто ново, нов настан, нов политички процес… Дали одложувањето ги зголемува можностите за ратификација на договорот за раздружувањето? Која е целта и резултатот? Како можеме да осигуриме на крајот од можното одложување повторно да не се најдеме во ситуацијата во којашто сме денес“, рече во вторникот Мишел Барниер по средбата на Советот за општи работи кој ја разгледуваше ситуацијата околу брегзитот посочувајќи ги прашањата на кои треба да се даде одговор.

Излегувањето на Велика Британија ќе доминира на дводневниот самит на ЕУ, кој започнува во четврток во Брисел. Планот на британската премиерк Терезе Меј дека до почетокот на состанокот на врвот и по третпат ќе го стави на гласање договорот кој го испреговара со ЕУ и кој досега двапати беше отфрлен во британскиот парламент, е доведен во прашање кога претседателот на Долниот дом, Џон Беркоу во понеделникот рече дека не е можно да се стави договорот на повторно гласање, доколку нема поголема промена во неговата содржина.

Меј по третото гласање планира да дојде на самитот на ЕУ со барањето да се одложи брегзитот. Доколку овој договор добие зелено светло во третото гласање а сега не е познато дали воопшто и ќе се случи, Меј би побарала техничко продолжување до 30-ти јуни за да се добие во време за усвојување на потребното законодавство за спроведување на договорот. Доколку, пак, договорот повторно биде одбиен, би побарала одложување на подолг период.