Барние: ЕУ е подготвена за одложување на брегзитот, а должината ќе зависи од британските аргументи

Брисел се надева дека меѓупартиските разговори во Лондон ќе доведат до формирање мнозинство во Долниот дом за продолжување на процесот на истапувањето на Велика Британија од Европската унија, и спремен е да даде уште повеќе време за преговорите, изјави главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние.

Во пресрет на самитот на ЕУ на кој челниците на 27-те земји членки ќе решаваат дали на Велика Британија ќе ѝ дозволат уште едно одложување на брегзитот, главниот европски преговарач Мишел Барние истакнува дека должината на второто одложување откако ќе мине сегашниот датум за излегувањето на 12-ти април, ќе зависи од образложението коешто британската премиерка Тереза Меј ќе го претстави во Брисел. Првиот датум за излегувањето договорен пред две години беше 29-ти март.

„Должината на продолжувањето мора да биде во согласноста со причините поради кои е побарано. Секое одложување мора да има цел. Должината би требало да биде сразмерна на целите кои сакаат да се постигнат. Нашата цел е уреден излегување од ЕУ. Брегзит без договор никогаш нема да биде одлука на Европската унија. За да се избегне излегување без договор. Обединетото Кралство треба да се согласи на договор“, рече Барние.

Главниот преговарач на ЕУ им се обрати на новинарите по информирањето на европските министри за ситуацијата околу брегзитот. Иако ЕУ веќе го одби барањето на Меј за одложување до 30-ти јуни, од Брисел немаат намера да го спрведат „најштетниот, брз брегзит“ овој петок. Министрите расправаа за условите на ЕУ доколку има подолго одложување, кое вклучува и одржување на изборите за Европскиот парламент во мај, како и согласувње на „искрена соработка“, односно непренабрегнување на важните реформи и институци на Европската унија, доколку Обединетото Кралство на подолг период остане членка на ЕУ.

„Договорот за повлекување не е отворен за нови преговори…. Се надеваме и очекуваме дека овој дијалог ќе заврши со позитивни резултати кои конечно ќе овозможат да имаме позитивно мнозинство за спогодбата за повлекувањето“, изјави Барние додавајќи дека ЕУ би била подготвена да го ажурира пропратниот нацрт на декларацијата за идните односи на двете страни, доколку преговорите на Меј со опозициската Лабуристичка партија завршат со прифаќање на царинскиот сојуз со ЕУ.

Претставниците на Европската унија во вторникот во 18 часот ќе го одржат последните подготвителен состанок во пресрет на самитот на европските челници во среда во Брисел.