Барние ги објави поединостите од „чесниот и разумен“ договор за брегзитот

Новиот договор за излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија е чесен и разумен, и им одговара на принципите на ЕУ, изјави во четвртокот главниот преговарач на Унијата, Мишел Барние.

„Постигнавме чесен и разумен договор кој им одговара на нашите принципи. Имавме тешки разговори последните денови. Успеавме да најдеме решенија кои потполно го почитуваат интегритетот на единствениот пазар. Создадовме ново и законски оперативно решение за избегнување на тврдата граница и зачувување на мирот и стабилноста на Ирскиот остров“, изјави Барние на прес-конференцијата.

Со новиот договор, сепак, е променет „најдобриот и единствениот договор“, како што функционерите на ЕУ го нарекуваа договорот за радружувањето постигнат минатиот ноември со тогшната британска премиерка Тереза Меј.

Во однос на тој договор, променет е протоколот кој се однесува на Северна Ирска, како покраина на Велика Британија, а сите други одредби останале исти. За Лондон најспорниот елемент, заштитниот механизам за избегнување на тврдата граница на Ирскиот остров (ткн бекстоп), сега е заменет со нов пристап.

Ревидираниот протокол за Северна Ирска ја штити „економијата на целиот остров“, мирвониот договор од Велики петок (1998 година) во сите негови димензии и го чува интегритетот на единствениот пазар, наведе Барние.

Според новиот договор, Северна Ирска ќе остане усогласена со ограничениот сет прописи на ЕУ за да се избегне тврдата граница со Република Ирска, која е членка на Унијата: ќе се применуваат европските закони за стоките, санитарните прописи и ветеринарни контроли, правилата за земјоделските производи, данокот на додадена вредност (ДДВ) и трошарините за стоките, правилата за државна поддршка.

Во однос на стариот договор од ланскиот ноември, исфрлена е одредбата за заедничкиа царинска територија ЕУ – Велика Британија, на барање на сегашната британска влада на Борис Џонсон.

„ЕУ и Обединетото Кралство сега најдоа нов начин за да ја постигнат целта за избегнување царинска граница на Ирскиот остров, и истовремено да се осигури дека Северна Ирска останува дел од царинската територија на Велија Британија. Со договрото се избегнуваат регулаторните и царински контроли на гранциата меѓу Република Ирска и Северна Ирска, додаде Барние.

На Ирскиот остров нема да има царински контроли, тие ќе се вршат во пристаништата. За стоките која оди од Велика Британија во Северна Ирска како крајна дестинација, нема да се применуваат европските царинските тарифи. Нема да се плаќаат европски царини ниту на личните царини кои патниците ги пренесуваат со себе преку ирската граница.

Северна Ирска, како и остатокот од Велика Британија, ќе може да ужива погодности од идните договори за слободна трговија коишто Лондон ќе ги склучува со партнерски земји ширум светот. За стоките кои доашаат од трети земји во Северна Ирска и кои не минуваат во Република Ирска, ќе се применуваат британските царински тарифи.

Новина е и воведувањето на механизмот на „согласност“, кој вклучува можност членови на северноирскиот парламент да имаат решавачки глас за долгорочната примена на европските закони во Северна Ирска. Четири години по стапувањето на сила на договорот, членовите на парламентот на Северна Ирска ќе може да одлучат со просто мнозинство дали сакаат да продолжи примената на законите на ЕУ. Доколку се изјаснат „за“, системот ќе се продолжи за уште четири години. Доколку, пак, нема согласност, се воведува двегодишниот период на „ладење“, во текот на кој двете страни мора да најдат ново решение за да се спречи воведвуањето тврда граница на Ирскиот остров.

Спротивно од таканаречениот „бекстоп“, новиот систем нема да биде заменет со договор за слободна трговија кој имаат намера да го склучат Велика Британија и Европската унија.

Договорот е постигнат неколку часа пред почетокот на самитот на Европската унија. Брегзитот ќе биде една од клучниет теми на состанокот на врвот во Брисел.

Станува збор за договор на ниво на преговарачи кој сега е формулиран во правен текст и кој треба да ја добие поддршката од европска страна од челниците на членките на ЕУ, од Европскиот парламент кој треба да го ратификува, а мора да биде одобрен и од британскиот парламент кој трипати го отфрлаше договорот кој го постигна претходната британската премиерка Тереза Меј по повеќемесечни тешки преговори со еропските челници.

Тоа значи дека работата сѐ уште не е завршена, бидејќи нештата може да се искомплицираат и на еврапската и на британската страна. Дипломатски извори од ЕУ истакнуваат дека сосема е можно челниците на земјите членки, или некој од нив, да смета дека не може туку-така да одобрат меѓународен договор и да побараат анализа на постигнатиот договор.

Од британската страна, пак, веќе пристигна најавата од северноирската Демократска унионистичка партија (DUP) дека нема да го поддржат постигнатиот компромис. Лидерите на партијата објавија претпладнето во четвртокто дека не може да прифатата договор за брегзитот кој го предлагаат Џонсон и ЕУ, а по објавата на конечниот договор од DUP повторно тврдат дека и натаму се противат.

Демократска унионистичка партија (DUP), која е клучна за поддршката на Конзервативната партија во парламентот, објави дека нема да ги поддржи предлозите и дека покрај решението за ирската граница, за нив е спорно и прашањето на ДДВ-то, кое го проблематизираше и британската влада.

Поддршката на DUP, која во парламентот ѝ овозможува на Конзервативната партија мнозинство во британскиот парламент, е пресудна, бидејќи некои поборници на брегзитот од северноирската партија најавуваат дека ќе ги следат ставовите на партијата по прашањето на најтешкиот дел од договорот на владата на Борис Џонсон и ЕУ – ирската граница. Џонсон нема мнозинство во парламентот кој има 650 мандати, а за ратификација на договорот ќе му бидат неопходни 320 гласови. Северноирската DUP може да му овозможи десет гласови.