Барние смета дека договорот за брегзитот сѐ уште е можен седмицава

Дејвид Дејвис (л) и Мишел Барние

Договор на Европската унија и Обединетото Кралство можен е оваа седмица за да се оствари пријателско раздружување, изјави во вторникот во Лускембург главниот европски преговарач за брегзитот Мишел Барние, а BBC пишува дека е можен и вонреден самит на ЕУ доголку на претстојниот не се постигне договор.

„Разговорите во текот на викендот и вчера беа интензивни, па доколку и бидат сѐ потешки, договорот оваа седмица сѐ уште е можен“, изјави Барние по доаѓањето на средбата во Лускембург на која би требало да ги информира министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ за ситуацијата со брегзитот, во пресрет на самитот на 17-ти и 18-ти октомври.

„Ќе ги известам министрите и ќе им кажам каде сме со тоа денеска. Јасно е дека каков и да е договор би морал да биде прифатлив за сите, тоа значи за целото Обединето Кралство и за Европската унија. Дозволете ми, исто така, да додадам дека навистина е време добрите намери да се претворатво правен текст“, додаде преговарачот на ЕУ.

На Барние во Лускембург ќе му се придружи британскиот министер за брегзитот, Стиве Баркли, кој е негов соговорник во преговорите.

Британскиот јавен сервис BBC во вторникот пишува дека ЕУ е подготвена да разгледа свикување вонреден самит за да се постигне договор за брегзитот, како и дека тоа би можело да се случи кон крајот на октомври. Датумот за брегзитот е одреден за 31-ви октомври, но британскиот парламент донесе закон со кој тој би требало да се одложи за три месеца доколку не се постигне договор, што го ограничува британскиот премиер Борис Џонсон кој ветува дека ќе ја изведе земајта од Унијата, со икли без договор, на 31-ви октомври.

Лондон и Брисел се обидуваат да се договорота како да се избегне враќањето на ткн тврда граница на Ирскиот остров по брегзитот, што е клучната спорна точка меѓу двете страни. Тоа е потребно за да се сочува мирот на островото кој беше сцена на децениските смртоносни насилства, а кој е поделен меѓу Република Ирска, членка на ЕУ, и Северна Ирска, која е покраина на Обединетото Кралство.

Преговорите за брегзитот меѓу Лондон и ЕУ траеја во понеделникот до 23 часот, а најавено беше дека ќе продолжат во вторник претпладнето, според британски извор близок на преговорите.

Ирската јавна телевизија RTE, претходно објави дека Лондон би можел да даде нов предлог за брегзитот во вторник, во обидот да се излезе од ќорсокакот.

Шефот на холандската дипломатија Штеф Блок, рече при доаѓањето на средбата во Лускембург дека се надева оти договорот ќе биде постигнат. Германскиот министер Хеико Маас истакна дека „не е сосема сигурен“ дека договорот е блиску, а неговиот франциски колега Жан-Ив Ле Дријан порача дека е подготвен да преговара за продолжување на рокот за брегзитот, но дек самото продолжување нема да ги реши проблемите. Финската министеркла Тути Тупираинен рече дека договорот сѐ уште е можен, но дека Унијата мора да се подготви и за можноста тој да не биде постигнат, коко и за можноста за одложување.