Барние вели дека се неприфатливи ставовите на Џонсон за Брегзит, а Борис истото му го пренесе и на Макрон

Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мајкл Барние, го критикуваше ставот на новиот британски премиер Борис Џонсон повторно да преговара за договорот за излез на Велика Британија од Унијата, објавија новинските агенции.

Џонсон рече дека ирскиот дел од договорот што го договори неговата претходничка, Тереза Меј, е мртов и ќе мора да се отстрани. Но, Берние во четвртокот рече дека ставот на новиот премиер на Велика Британија е „неприфатлив“ и испрати имејл до земјите-членки на ЕУ, предупредувајќи дека „борбениот“ говор на Џонсон укажува на исход без договор.

Од друга страна, Борис Џонсон, во денешниот телефонски разговор со францускиот претседател, Емануал Макрон, ја претставил својата позиција во врска со планот за излез на Велика Британија од ЕУ.

Како што навел портпаролот на премиерот, во разговорот со другите лидери, кога станува збор за прашањето на „Брегзит“, премиерот ќе го изнесува истиот став, којшто им го соопштил и на пратениците во Долниот дом на британскиот парламент.

„Тоа значи дека тој и понатаму ќе биде енергичен во барањето договор со Брисел, но со оглед дена договорот е трипати до сега одбиен во парламентот, тој нема да помине, што значи повторно отворање на разговорите во врска со повлекувањето и со укинувањето на заштитниот механизам за Северна Ирска“.