Баросо: ЕУ е подготвена да ги разгледа можни акции за Украина

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо истакнал дека Европската унија е подготвена да ги разгледа можни акции за Украина, пренесе „Интерфакс“.

„Ние сме вознемирени од настаните во Украина и ќе продолжиме да го следиме нивниот развој, како и да ги оценуваме можни акции на ЕУ и последиците од нашите односи“, рекол Баросо.

Баросо истакнал дека е шокиран од извештаите за смртта на двајца демонстранти. Тој ја осуди употребата на сила и ги повика сите страни веднаш да го прекинат насилството и да преземат чекори за смирување на ситуацијата.