Баросо: ЕУ не ја создаде кризата, а помага за нејзиното решавање

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо изјавил дека Европската унија помогнала за решавање на проблемите што ја предизвикале актуелната економска криза во еврозоната, пренесе шпанската национална телевизија „РТВЕ“. Според него оваа криза не била предизвикана од ЕУ, туку од неодговорни постапки во финансискиот сектор што се појавија во некои земји или прекумерните национални долгови.

Во интервјуто за телевизијата, Баросо потсетил дека надзорот на банките не бил европска компетентност.

„Не знаевме што се случува со банките во Ирска или Шпанија. Но откако проблемот беше идентификуван, се создадоа програми за помош, што помогнаа за негово решавање и Ирска успеа да ја заврши програмата, а Шпанија ќе го стори истото многу наскоро. Европа помогна да се реши проблемот“, истакнал тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.