Спорт

Шпанско фудбалско првенство Барсa без Меси и Иниеста пресилна за Малага, Роналдо ми донесе победа на Реал

Барсa без Меси и Иниеста пресилна за Малага, Роналдо ми донесе победа на Реал

Фудбалерите на Барселона ја зголемија моментално својата предност над второпласираниот Атлетико Мадрид во саботата вечерта благодарејќи на рутинската победа од 2:0 на гости кај последнопласираната Малга во мечот од 28-то коло на шпанското првенство.

Сите дилеми, доколку ги имаше, беа решени во првите половина час од дуелот, кога со голот на Луис Суарез во 15 минута и луцидниот погодок на Кутињо во 28 минута поведе со 2:0, а веќе во 30 минута Малага остана со играч помалку,м откако поради извонредно груб старт директно беше исклучен Самуел Гарсиа.

До оваа победа Барса стаса без повредениот Андрес Иниеста и Лионел Меси кому поради раѓањето на третиот син тренерот Валверде му даде слободен ден.

Барселона сега има 72 бода, додека вториот Атлетиком кој во недела ја пречекува Селта има 61 бод. Трет е Реал Мадрид со 57 бодови. Малага е изненадувачки последна со само 13 бодови, шест помалку од претпоследниот Дпортиво и дури 11 помалку од 17-то Леванте на последното место коешто обезбедува останување во Ла Лига.

Претходно во саботата Реал Мадрид победи на гостувањето кај Еибар со 2:1 , благодарејќи на двојниот стрелец Кристијано Роналдо. Мадриѓаните поведоа во 34 минута, но Еибар изедначи во 50 минута преки Рамис, но Роналдо во 84 минута со глава ја заби топката под пречката за конечните 2:1. Еибар и натаму е на високото деветто место со 34 бодови.

Валенсија се зацврсти на четвртото место на табелата благодарејќи со гостинската победа до 2:0 кај Севилја. Двоен стрелец за „лилјаците“ беше Родриго, во 24 и 68 минута. Валенсија сега има 56 бодови, додека петтата Севилја остана на 45 бодови.

Леванте со голот на Коке во 79 минута ги освои трите бода на гостувањето кај Хетафе и сега е на 17-то место со 24 бодови и поголеми шанси за опстанок. Хетафе, пак, остана на 11-то место со 36 бодови.