Барса ги искористи киксевите на Реал и Атлетико

205

Фудбалерите на актуелниот шпански шампион Барселона со успехот на гости кај Хетафе до 2:1 во 18-то коло од Примера, ги искористија киксевите на големите мадридски ривали да го зголемат водството на првенствената табела.

Во дуелот со голем интензитет и повеќе шанси пред двата гола, и покрај жилавоста на една од најдобрите одбрани сезонава во Ла Лига, славеше тимот кој го има убедлива најдобриот напад. Стрелци за Барселона беа Лионел Меси во 20 минута, кога итро ја провлече топката меѓу тројца збунети одбранбени играчи на Хетафе и осамен го постигна 399-от гол во Примера, и Луис Суарез со прекрасен волеј надвор од шеснаесетникот во 39 минута, а шансата на домашните им ја врати Мата во 43 минута.

Барселона е на чело на тебeлaта со пет бодови повеќе од второпласираниот Атлетик и седум од тратата Севилја, а Хетафе остана седми со 25 бодови.

Реал Мадрид уште еднаш киксираше на домашен терен, против истоимениот клуб од Сан Себастијан и беа поразени со 0:2. Стрелци за Реал Сосиедат беа Вилан Хозе во 3 минута од пенал, и Рубен Пардо во 83 минута. Мадридскиот тим го заврши натпреварот со десет играчи, бидејќи во 61 минута беше Лукас Васкез.

Реал остана на петтото место со 30 бодови, иако има дури шест порази – еден повеќе од Атлетик Билбао кој е во зоната на испаѓање 18-ти. Реал Сосиедад со својата права победа на „Сантијаго Бернабеу“ по 2004 година, пак, скокна на 11-то место со 22 бода.

Во дербито Севилја и Атлетик Мадрид одиграа без победник 1:1, што одеше најмногу во прилог на Барселона. Стрелци беа за домашните Бен Једер во 37 и за гостите Антоан Гризман во 45 минута. Двата тима остана на истите места на табелата, Атлетико е втор со 35, а Севилја трета со 33 бодови.

Ремизираа но без голови и Еибар и Вилјареал во дуелот од долниот дел на табелата. Еибар остана 13-ти со 22 бодови, а Вилјареал е 17-ти со 17 бодови.

Во понеделник се игра уште еден дуел во кој противниците ќе настојуваат да направат бегство кон средината на табелата, во Виги на 14-та Селта и’ гостува 18-от Атлетико Билбао.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.