Барса го искористи киксот на Реал и се оддалечи на врвот

Фудбалерите на Барселона во последниот неделен дуел од 20-то коло на шпанското првенство на својот „Камп Ноу“ беше сигурна со 3:0 против Севилја и го искористи киксот на најголемиот ривал мадридски Реал кај Мајорка 0:1 да ја зголеми предноста на врвот на Примера.

Севилја добро парираше на разиграната Барселона кој беше решена да значително да профитира од неочекуваниот пораз на Реал, но во продолжението Каталонците постигнаа три лесни погодоци за полн плен. Стрелци беа Жорди Алба во 58, Гави во 70 и Рафиња во 79 минута.

Сега Барселона има 53 бодови, осум повеќе од Реал. Севилја остана на 16-то место и на 21 бод, два повеќе од зоната на испаѓање.

Реал кај Мајорка допатува без повредените Карим Бензема и Едер Милитао., а на загревањето се повреди и првиот голман Тибо Куртоа на чие место застана Украинецот Андриј Лунин. Лука Модриќ влезе во игра во 65 минута а Тони Крос шест минути подоцна.

Без стандардните првотимци „Кралевите“ одиграа очајно на „Сон Моаз“. Жестокиот отпор на Мајорка ги изненади ѕвездите на Реал. Домашните направија 29 прекршоци од кои 10 само врз Винисиус. Реал имаше посед на топката од 75 отсто, но без конкретност во нападот.

Домашните поведоа во 13 минута по автоголот на Начо Фернандес. Реал можеше да израмни во 57 минута, но Марко Асенсио не реализираше пенал, неговиот удар одлично го одбрани Преддраг Рајковиќ кој на својот тим, како што се покажа на крајот, му донесе нови три бода или вкупно 28 со кои Мајорка моментално е на 10-т0 место.

За разлика од Барселона, киксот на мадридски Реал не успеа да го искористи Реал Сосиедад кој и самиот впиша домашен пораз од 0:1 од Вајадолид за кој победничкиот погодок го постигна Сил Ларинн во 73 минута.

Така Реал Сосиедад остана на 39 бодови и не успеа да му се приближи на Реал Мадрид кој има 45 бодови. Но за Вајадолид ова се три важни бодови во настојувањата да се оддалечи од зоната на испаѓање и сега е 13-ти со 23 бодови, четири повеќе од 18-от Кадиз.

Жирона со погодокот на Борха Гарсија во 63 минута на домашен терен ја совлада Валенсија која остана на 20 бодови, само бод повеќе од местата кои водат во Сегунда. Жирона е 11-та со 24 бодови.