Барса го нуди квартетот Ракитиќ, Кутињо, Дембеле и Умтити за Нејмар

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона се обидува да ги натера сопствениците на францускиот шампион Пари Сен Жермен, да се согласат бразилската ѕвезда Нејмар да се врати во каталонската престолнина.

Според пишувањата на шпанските медиуми, Барса на париските „Светци“ им испратила неверојатна понуда. Во „трампата“ која се проценува на повеќе од 170 милиони евра, Каталонците за Нејмар ги нудат Иван Ракитиќ, Филипе Кутињо, Самуел Умтити и Усман Дембеле.

ПСЖ во почетокот бараше 300 милиони евра од Барселона за враќањето на Бразилецот во нејзините редови, што е 78 милиони евра повеќе од сумата што францускиот клуб во арапска сопственост ѝ ја плати на Барса во август 2017 година кога го ангажираше Нејмар. Барса по долготрајните преговори успеа да ги намали барањата на парижаните. Француските медиуми објавија дека Каталонците понудиле 130 милиони евра со Кутињо и Умтити, но понудата сега пораснала за уште двајца играчи. Во Париз засега молчат, но неодамна порачаа дека ќе раговараат единствено за сериозни понуди, а оваа бездруго е тоа.

На Кутињо, Дембеле, Умтити и Ракитиќ, Барелона потроши 310 милиони евра, но освен хрватскиот фудбалер кој беше незаменлив, тројцата други се покажаа како слаб потег.

Ракитиќ дојде во јули 2014 година од Севилја за 20 милиони евра и ниту една сезона досега не одигра под 50 натпревари по сезона, па досега нанижа 268 настапи со 35 голови. Кутињо дојде во Барселона од Ливерпул во јануари 2018 година за 160 милиони евра, но не се вклопи во играта на Каталонците и впиша 75 меча во кои постигна 21 погодок. Дембеле, пак, беше платен 105 милиони евра на Борусија Дормунд во август 2017-та и досега одирга 64 дуели со 18 голови. Умтити на „Камп Ноу“ дојде во 2016 година од Лион за 25 милиони евра, а впиша само 14 натпревари.

Барселона, според медиумите, има усмен договор со Нејмар. Бразилецот преку социјалните мрежи ја пофали понудата на Бараса. Бразилецот на „Паркот на принцовите“ заработува околу 35 милиони евра по сезона, додека во Барселона би добивал околу 24 милиони евра, што е приближно колку што добиваше и пред да се пресели во ПСЖ. Шпанските медиуми, исто така, нагаѓаат дека Нејмар во резерва го има трансферот во Реал Мадрид кој му нуди поголема плата од Барселона, но Бразилецот сака да се врати на „Кам Ноу“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.