Барса и без Меси пресилна за Интер, ПСЖ се спаси, Борусија го растури Атлетико

Во една од дерби средбите на третото коло во групната фаза од Лигата на шампионите играни во средата вечерта, Барселона на својот „Ноу Камп“ но без капитенот Лионел Меси беше убедлива против Интер кого го совлада со 2:0.

Интер пред три осум години ја елиминираше Барселона во полуфиналето од Лигата на шампионите а потоа освојувајќи ја преку Баерн Минхен а со македонскиот репрезентативен капитен Горан Пандев во „црно-синиот“ дрес својата трета и засега последна европска титула. Меѓута, Барселона ги доби сите четири меѓусебни средби на „Камп Ноу“, и тоа со гол-разлика 8:0.

Интер прв се закани во 16 минута преку Мауро Икарди, кој не реагираше смирено, а веќе две минути подоцна Клемент Ленгле на спротивната страна биеше со глава, но Самир Хандановиќ одбрани. Барса и без Меси ја играше својата препознатлива игра, создавајќи притоа низа сериозни ситуации што го покажува податокот дека гостинскиот голман на крајот имаше дури девет успешни интервенции и покрај двата примени гола, стативата и неколкуте топки кои отидоа крај дирекот од неговиот гол. Така во 32 минута Барселона стаса до предност со голот на Рафиња по фантастичната асистенција на Луис Суарез. Супериорноста Барса можеше да ја материјализира со сигурно водство во 71 минита но ударот на Филипе Коутињо заврши во рамката од голот. Сите дилеми ги разреши Давид Алба во 84 минута.

Барселона со овој натпревар ја продолжи серијата без домашен пораз во последните 28 дуели од Лигата на шампионите, остварувајќи притоа 26 победи и две реми.

Во претходниот меч од оваа Група Б, во Ајндховен ПСВ и Тотенхем одиграа без победник 2:2, што и за двата клуба беше првиот бод сезонава во ЛШ. Домашните поведоа во 39 минута по големата грешка на Тоби Алдервирелд, кој иако последен играч во одбраната на Тотенхем се поигруваше што го искористи итриот Мексиканец Хирвинг Лозано кој му ја украде топката а потоа погоди за 1:0. Но само по девет минути Лукас Моура израмни. Тотенхем беше подобар тим во продолжението и во 55 минута дојде во водство откако Кристијан Ерискен нафрли од левата страна во домашниот петерец, а Хари Кејн само ја подметна главата за 2:1. Клучниот момент на мечот се одигра во 80 минута кога гостите останаа без голманот Уго Љорис кој доби директен црвен картон поради прекршокот над Лозано надвор од шеснаесетникот во моментот кога домашниот напаѓач имаше отворен пат кон голот. Предноста од играч повеќе ПСВ ја искористи во 88 минута, кога Лук де Јонг скршна удар на Росарио во гостинската мрежа.

На табелтата води Барселона со девет бодови, Интер има шест, а ПСВ и Тотенхем по еден бод.

Големо внимание, и пред да започне, предизвикуваше дуелот во Групата Ц, меѓу Пари Сен Жермен и Наполи. Гостите двапати беа во водство, но ПСЖ се извлече во втората минута од судиското продолжени.

Фудбалерите на Наполи одиграа одлично прво полувреме по кое имаа водство од 1:0, а еднаш ја погодија и стативата. Првата шанса ја имаа во 24 минуа кога Дри Мартенс го погоди дирекот, а пет минути подоцна Лоренцо Инсиње го доведе Наполи во водство по одличната асистенија на Хозе Каљехон. ПСЖ можеше да израмни во 38 минута, кога Нејмар одлично додаде за Килиан Мбапе, но овој лошо шутираше. Домашните со многу среќа израмнија во 60 минута, кога Томас Муние нафрли од крилна позиција, а Марио Руи ја погоди сопствената мрежа. Наполи повторно поведе во 77 минута со голот на Мартенс, и кога се чинеше дека гостите ќе си заминат со целиот плен, Анхел Ди Марија со одличен удар во самиот горен агол спаси бод за ПСЖ.

Овој натпревар уште еднаш покажа дека ПСЖ тешко се справува со италијанските екипи. Парижаните немаат забележано домашнан победа против клубовите од Апенините во последните четири дуели, а од вкупно 18 мечеви добиле само два.

Во вториот меч од оваа група Ливерпул очекувано рутински ја совлада Црвена ѕвездаа со 4:0. Стрелци беа Роберто Фирмињо во 20, Мохамед Салах во 45 и 51 минуа од пенал, и Садио Мане во 80 минута.

На табелата води Ливерпул со шест бодови, Наполи има пет, ПСЖ четири, а Црвена ѕвезда има еден бод.

Ако овој резултат во Ливерпул беше можеби и очекуван, тогаш идентичните 4:0 во Дортмунд значат дека Борусија го декласирала Атлетико Мадрид.

Ова беше дуелот на непоразените екипи во Групата А. Борусија поведе во 38 минута со голот на Аксел Витсел кој шутираше од работ на казнениот простор, а топката на патот кон противничкиот гол го погоди Саул Нигуез и го смени правецот. Лидерот во германскиот шампионат ја завери победата во 73 минута со голот на Рафаел Гереиро, а Жадон Санло во 85 минута од брза противнапад зголеми на 3:0. До крајот на мечот Гереиро постигна уште еден погодок нанесувајќи му го на Атлетико еден од најтешките порази последните години.

Во оваа група претходно Клуб Бриж и Монако ремизираа со резултат 1:1. Бриж има грижи со тренерот Јерко Леко кој беше приведен во рамките на истрагата во Белгија за местење резултати, а Монако има нов тренер, легендата Тиери Анри кој треба да го извлече тимот од дното на француската првенствена табела а стартуваше со пораз од 1:2 кај Стразбур. Но Монако поведе во 32 минута од противнапад преку Муса Сил. Шест минути подоцна истиот играч испушти можност да се прослави откако малку откосо го промаши празниот гол. Казната стаса само минута подоцна, кога белгискиот првак израмни со голот на бразилецот Весли. Во вториот дел Бриж доминираше но немаше голови.

На табелата водат Борусија и Атлетико со по шест бодови но и по меч помалку, додека Бриж и Монако имаат по бод.

Во Групата Д, Порто во Москва го победи Локомотив со 3:1, што му овозможи да се одвои на врвот. Домашните во 10 минута имаа пенал, но Икер Касиљас го одбрани ударот на Мануел Фернандез. Пенал беше досуден и во 26 минута, но на спротувната страна, а Мусла Марега го претвори во водство. А 2:0 зголеми Ектор Ерера во 35 минута, домашни се вратија на гол заостанување три минути подоцна преки Антон Миранчук, но Порто во 48 минута изведе брза контра за 3:1, а стрелец беше Жезус Корона.

Во вторито меч од групата Галатасарај и Шалке одиграа без голови. На табелата Порто води со седум бодови, Шалке има пет, Галатасарај четири, а Локомотив е без бодови.