Барса и Реал во осминафиналето на купот по победите над третолигаши

Шпанските фудбалски гиганти Барселона и Реал Мадрид изборија пласман во осминадфиналето од Купот на кралот откако на гиостувањата го победија третолигашите УД Ибица со 2:1, односно Саламанка со 3:1.

Барселона се спаси од голем срам, бидејќи победата ѝ ја донесе Антоан Гризман дури во судиското продолжение. Ибица го измачи гостинот во текот на целиот меч, а поведе уште во 9 минута преку Пепе Кабаљо. Домашните го одржуваа водството сѐ до 72 минута кога израмни Гризман. И кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Французинот по одличната асистенција на Жорди Алба ѝ ја донесе победата на Барселона.

Реал, пак, исто така настапи без повеќето првотимци. Поведе преки Герет Бејл во 18 минута, а израмни Алваро Ромеро во 57 минута, но само четири минути подоцна Браим Диаз ги довед „Кралевите“ во ново водство, а сите дилеми околу победникот ги разреши истиот играч со погодокот во судиското продолжение.