Барса како на прошетка во Манчестер, ПСЖ нема милост

Првиот дерби натпревар во 1/8 финалната рунда од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, пресметката на „Итихат”, помеѓу најбогатиот од Островот, Манчестер Сити и каталонскиот гигант Барселона, заврши со заслужен триумф на шпанскиот претставник од 2:0.

Барса дојде во водство отако дефанзивецот на Манчестер Сити, Мартин Демикелис направи намерен фаул врз Лионел Меси кој потоа без мака го реализираше ударот од белата точка. За неспортскиот старт, Демикелис доби директен црвен картон.

Апсолутната доминација беше крунисана во 88 минута, а вториот погодок беше дело на бразилскиот интернационалец Дани Алвеш.

Историска победа од 4:0, над домашниот тим на Баер од Леверкузен, забележа актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ.

Првиот погодок на натпреварот беше дело на Бласие Матуиди, вториот и третиот на Златан Ибрахимовиќ, а последниот на најновата милионска аквизиција, Јохан Кабаје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.