Барса не може да го регистрира Торес

Каталонскиот фудбалски великан Барселона се најде во непријатна ситуација, бидејќи не моќе да го регистрира засилувањето од Манчестер Сити, Феран Торес за кого плати 55 милиони евра.

Причина за проблемот е што Барса го исполни лимитот за плати, а Ла Луга не дозволува регистрирање на играч доколку тоа го надмине лимитот за платите. Тоа значи дека Каталонците мора да се отарасат од некои играчи или да ги намалат платите за да го регистрираат Торес, објавија шпанските медиуми.

„Добро знаевме дека имаме проблеми кога станува збор за лимитот на платите, но се надеваме дека ќе ја решиме ситауцијата што побрзо“, изјави директорот на Барселона, Матеу Алемани.

Според тоа, Торес ќе мора уште малку да сочека, додека Барселона не ја среди ситуацијата со лимитот за платите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.