Барса по продолженијата избори финале во Купот на кралот

Во реванш дуелот од полуфиналет од фудбалскиот Куп на кралот, Барселона на својот „Камп Ноу“ по продолженијата ја совлада Севилја со 3:0, надоместувајќи го поразот од 0:2 од првиот меч.

Фудбалерите на Севилја долго ќе ја паметата испуштената можност на „Камп Ноу“. Андалузијците ја загубија предноста од 2:0 од првиот меч, не реализираа пенал, а во самата завршница останаа без играч по што вториот погодок го примија во судиското продолжение.

Барселона поведе уште во 12 минута со убавиот погодок на Усман Дембеле. Францискиот напаѓач од работ на шеснаесетникот го погоди самиот горен десен агол на неожниот голман Томас Вацлик. Каталонците можеа да ја анулираат предноста на Севилја во 67 минута, но Жорди Алба по нафрлањето на Дембеле само ја погоди стативата.

Севилја во 73 минута можеше да ги разреши сите дилем, кога Оскар Мингуеза во домашниот казнет простор го собори ЛукасОкампос, а судијата Хозе Санчез покажа на белата точка. Аргентинецот самиот го изведе пеналот и тоа многу слаба, па Марк-Андре тер Штеген лесно го одбрани неговиот удар.

Новиот удар Севилја го претрпе во втората минута од судиското продолжение кога беше исклучен Фернандо поради вториот жолт картон. Во акцијата го следеше Барса преку Жерат Пике погоди за 2:0, и така го израмни резултатот од првиот меч, водејќи го дуелот во продолженијата.

Со играч повеќе Барса до предност од 3:0 дојде уште во 95 минута. Алба нафрли, а Мартин Брејтвајт, кој во игра влезе во 89 минута, погоди на првата статива.

Барселона во финалето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Леванте и Атлетик Билбао, чиј прв меч заврши без победник 1:1.