Барса подобра од Атлетико – за Меси

Во дербито на 15-то коло од шпанското фудбалско првенство бранителот на титулата Барселона минимално со 1:0 славеше на тешкото гостување кај Атлетико Мадрид.

Барселона нема загубено од Атлетико од 13-ти април 2016 година, кога „Јорганџиите“ во четвртфиналето од Лигата на шампионите славеа со 2:0. Оттогаш Барса над мадридскиот тим впиша четири победи и трипати играше нерешено.

Трите бода кои Каталонците ги вратија на врвот на Ла Лига ги донесе Лионел Меси во 86 минута, која неодбранливо шутираше од крај немоќниот Облак.

Ова беше 25-от погодок кој го постигнува Аргентинецот во дуелите со Атлетико во првенствените дуели. Меси повеќе голови во Примера ѝ дал само на Севлија – 29.

Мечот иако беше сиромашен со голови, изобилуваше со одлични потези и многу создадени шанси кои останаа нерализирани во прв ред благодарејќи на сигурните одбрени на двата голмана.

Каква жестока битка за секоја педа од теренот се водеше на „Ванда Метрололитано“ пред повќе од 64.000 гледачи, зборува и податокот што судијата Матеу Лахоз покажа дури девет жолти картони,

На табелата Барселона поради подобрата гол-разлика е на водечката позиција со 31 бод, колку што има и Реал Мадрид. Атлетико со 25 бода падна на шестото место.