Барса повторно само со бод

30 June 2020. EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ

Барселона на својот „Камп Ноу“ одигра 2:2 со мадридски Атлетико, и по идентичното реми кај Селта минато коло, се чини го губи чекорот со Реал Мадрид во трката за шампионската титула.

Куриозитет на дербито беа три погодка постигнати од белата точка. Барселона поведе во 11 минута кога Лионел Меси нафрли од корнер, а топката на поблиската статива го погоди Диего Коста го промени правецот и го измами Јан Облак. Само осум минути подоцна Атлетико израмни од пенал, но од вториот обид. Именио, Тер Штеген го одбрани ударот на Диеко Коста, но со интервенција на ВАР-от, беше одредено повторување на ударот, бидејќи голманот на Барса за неколку сантиметри со својата десна нога бил пред гол-линијата во моментот на ударот. Коста при повтореното изведување му ја препушти улогата на Саул Нигуез кој беше прецизен.

Барселона повторно дојде во водство во 70 минута, кога беше досуден пенал за домаќинот. Меси со „паненка“ го измани Облак и дојде до својот 700-ти гол во кариерата, настапувајќи за Барселона и селекцијата на Аргентина. Атлетико и вторпат израмни од пенал во 62 минута. Како и во првото полувреме го изнуди Караско кого несакајќи го собори Семедо. Тер Штеген го прочита ударот на Саул, но томката му се излизга од рацете и заврши во мрежата.

Меси во текот на кариерата постигна 630 погодоци во дресот на Барселона во сите официјални натпреварувања и уште 70 голови за репрезентацијата на Аргентина, во кои не се сметаат двата погодока постигнати на Олимписките игри во 2008 година и головите за младинската селекција. Меси вечерва го постигна 32-от погодок во 41 натпревар против Атлетико Мадрид во сите натпреварувања, а Аргентинецот ѝ дал само повеќе голови само на Севилја – 37 погодоци во 39 натпревари. Аргентинецот голот на на најголемиот ривал – Реал Мадрид, го погодил 26 пати во 43 средби од „Ел Класико“.

Барселона со второто последователно реми остана на второто место со 70 бодови, еден помалку од водечкиот Реал Мадрид кој има допрва ќе го игра својот меч од ова 33-то коло. Атлетико Мадрид е на третото место со 59 бодови.

Севилја претходно со 3:0 го совлада Леганес. Двоен стрелец за тимот од Андалузија бепе Оливер Торес во 23 и 35, а стрелец беше и Мунир ел Хадфади во 82 минута.

Свилја со 57 бодови се зацвртси на четвртото место на табелата. Леганес остана на 25 бодови, и на пет кола пред крајот на првенството има само теоретски шанси да се спаси од испаѓање од лигата.

Во првиот меч во вторникот Мајорка како домаќин со 5:1 ја декласираше Селта Виго. Двоен стрелец за домашните беше Анте Будимир во 13 и 52 минута, а стрелци за Мајорка беа уште Кучо во 27, Позо во 40 и Севиља во 60 минута, додека единствениот погодок за гостите го постигна Иаго Аспас во 50 минута од пенал.

Мајорка и натаму е 18-та во зоната на испаѓање со 29 бодови, но сега со пет бода помалку од Селта Виго која е место погоре на табелата кое гарантира опстанок во Ла Лига.

Во среда ќе играат: Алавес- Гранада, Валенсија – Атлетик Билбао, Бетис – Вилјареал и Вајадолид – Леванте, а во четврток на распоред се дуелите Еибар – Осасуна, Реал Сосиедад – Еспањол и Реал Мадрид – Хетафе.