Барса привремено осамена на врвот

Хрватот Иван Ракитиќ го постигна својот прв погодок сезонава во шпанското фудбалско првенство дури во 31-то коло, со кој на неговата Барселона на нејзиниот „Камп Ноу“ ѝ ја донесе минималната победа од 1:0 над секогаш непријатниот за неа Атлетик Билбао и со кој Каталонците во моментов имаат три бода предност пред Реал Мадрид кој има средба помалку.

Хрватскиот репрезентативец во игра влезе во 64 минута, а седум минути подоцна стана херој на мечот во тешко изборената победа. Ракитиќ ја следеше внимателно акцијата на Лионел Меси кој се обиде да се пробие низ густата одбрана во гостинскиот шеснаесетник но отако забележа дека топката оди кон осамениот Ракитиќ ја пропушти, а Хрватот пласираше во спротивниот агол.

Барселона, и покрај огромната доминација и посед на топката, постигна погодок по 180 минути, откако минатиот го одигра без голови на гостувањето кај Севлија. Но Каталонците во четирите кола од продолжувањето на првенството немаат промен гол. Сега се први со 68 бодови, а Реал Мадрид без еден меч има 65 бодови. Атлетик Билбао е 10-ти со 42 бода шест помалку од позициите кои гарантираат европска сезона.

Претходно во вторникот Атлетико Мадрид славеше на гостувањето кај Леванте со автоголот на Броно Гозаленс, кој несреќно ја скршна топката во својата мрежа во 15 минута. И двете екипи умаа доста шанси за погодок, но до крајот резултатот не се промени.

Атлетико Мадрид сега е трет на табелата со 55 бодови, а Леванте е 11-ти со 38 бодови.

Во Вајадолид, Хетафе дојде во водство во 41 минута со голот на Хаиме Мата, но домашните израмнија во петтата минута од судискиот продолжение на првото полувреме кога прецизен од пенал беше Турчинот Енес Унал.

Вајадолид сега со 34 бодови е осум над опасната зона и е 15-ти на тебелата, а Хетафе моментално е петти со 49 бодови, а го загрозуваат Ралк Сосиедад и Валенсија со 47 односно 46 бодови и меч помалку.

Во среда се играат уште три меча од ова коло, а се среќаваат Алавес – Осасуна, Реал Сосиедад – Селта Виго и Реал Мадрид – Мајорка. Во четврток играат Еибар – Валенсија и Бетис – Еспањол.